Мојата кујна

Одличен појадок за слабеење: бурито со јајца и зеленчук

Ако сакате да ги изгубите килограмите, обрнете внимание на појадокот.

Еден богат појадок може да ви помогне да ги контролирате вашите навики во текот на целиот ден. Најважно е  појадокот да не се состои од празни калории, па ако немате идеја, пробајте го овој рецепт за бурито со јајца и зеленчук.

Состојки за бурито со јајца и зеленчук:

2 јајца, 2 лажици варен грашок, 60 грама сецкани свежи домати, 120 грама свежо исецкан спанаќ, тортиља, малку путер, сол, бибер или други зачини (по желба).

Подготовка:

Измешајте ги јајцата со малку сол. Стопете го путерот и додека е топол додадете ги јајцата. Додадете грашок, домати и спанаќ веднаш потоа. Добро измешајте за да ги поврзете состојките и  додадете бибер и други зачини по желба.

Ставете ги јајцата со зеленчук врз тортиљата, направете ролна и уживајте во вкусен оброк.

Напиши коментар