← НАЗАД НА БОЗА

Одличен трик да и одолеете на „лошата“ храна

Одличен трик да и одолеете на „лошата“ храна
39 Читања

Еве како да ја задоволите желбата за брза и „лоша“ храна, а да не добиете масни наслаги.

Колку пати ви се случило да не сте гладни, но кога ќе видите некои грицки, пица, торта … едноставно не може да им одолеете?

А уште кога онака ќе ви замириса „под носот“ …

Па, излегува дека ова е клучот за проблемот, но и решението.

Тим на истражувачи од Универзитетот во Флорида, вели дека треба само малку волја да го задржите оној почетен импулс да ја изедете храната.

Тие советуваат дека, наместо веднаш да ги изедете овие „лоши“, но толку примамливи намирници, прво да ги мирисате две минути – и тоа ќе го задоволи вашиот апетит.

Значи, ќе ја задоволите потребата од оваа храна, а нема да внесете калории.

Научниците објаснуваат дека краткото мирисање на храната не поттикнува да јадеме, но малку подолго мирисање, до две минути, ни помага да се задоволиме без внесување на калории.

Поентата е, истакнуваат научниците, во тоа што мозокот го активирате центарот за награда и задоволство кога сме изложени на арома.

„Мирисот може да биде моќна алатка, кога треба да се спротивставите на уживањето во нездравата храна“, вели професорот Dipajan Biswas.

„Поточно, суптилниот стимуланс на мирисот може да влијае многу повеќе врз изборот на храна за деца и возрасни, отколку ограничувањата”.

И сето тоа е затоа што нашиот мозок не е доволно паметен да направи разлика дали задоволство доаѓа од стомакот или носот, кој во овој случај многу може да ви биде од корист.

Не заборавајте дека ако храната ја мирисате помалку од 30 секунди, тоа најверојатно ќе ја интензивира желбата за храна, но полесно ќе и одолеете ако ја мирисате околу две минути.

Значи, следниот пат кога ќе ве обземе неверојатна желба да изедете нешто што „не треба“, искористете го овој трик, може да ви помогне.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk