За триковите кои циркулираат на интернет не можете да знаете дали навистина функционираат додека не ги пробате.
Трикот ветува дека во текот на ноќта ќе добиете преубави кадрици, како да сте потрошиле цело утро во виткање со фигаро или во фризерското столче.
За почеток, потребно e да се направат стапчиња од алуминиумска фолија, така што ќе го свиткате парчето фолија и ќе добиете нешто што изгледа вака:
Потоа исчешлајте ја чистата коса и секое стапче свиткајте го на врвот за да направите кука со која што ќе можете да фатите прамен од косата.
Издвојте еден прамен од косата, закачете ја куката за него поблиску до коренот, свиткајте ја куката така што ќе стои цврсто околу праменот (добра работа со фолијата е тоа што се витка баш како што ви одговара), а остатокот од должината на праменот завиткајте ја околу стапчето.
Кога ќе стигнете до крајот, ќе ви остане доволно фолија за повторно да го завиткате и да ја зацврстите кадрицата на место.
Остатокот од овој процес е многу едноставен – ја повторувате постапката со остатокот од косата, додека целата глава не ви биде во фолија.
Се што ви преостанува да направите е да легнете да спиете. Не грижете се дека фолијата ќе ви пречи во спиење, алуминиумот се витка – така што, кога ќе легнете и ќе ја ставите главата на перницата, фолијата ќе се прилагоди на вашата глава.