Сакате шишки, но не се осмелувате да го направите овој чекор поради потреба од одржување? Тоа веќе не е проблем!
Ако некогаш сте имале шишки, мора да сте помислиле, барем еднаш: „Што ми требаше ова?“.
Нивното одржување бара многу повеќе ангажман отколку кај другите фризури, а постои една особено иритирачка работа со која што се соочиле сите што ги имале. Дали веќе си претставувате за што зборуваме?
Да, тоа е токму оној иритирачки феномен кога шишките ќе се поделат токму на средината на вашето чело и остануваат така поделени колку и да се трудите.
Сепак, познатиот фризер, Марк Таундсенд, има решение.
Станува збор за човекот кој многумина го нарекуваат „кралот на фризурата со шишки“ и кој секогаш има кец во својот ракав кога треба да се спаси лоша фризура.
Всушност, неговата тајна е многу едноставна и вклучува само неколку прскања на косата со шампон за суво миење.
Јас секогаш велам дека лакот за коса ги лепи влакната едноз а друго, додека шампонот за суво миење ги раздвојува. Затоа косата секогаш изгледа погуста по прскањето со сув шампон – објасни Марк.
Затоа, дури и кога вашата коса не е валкана, слободно испрскајте малку на шишките и тие повеќе нема да бидат раздвоени!