← НАЗАД НА БОЗА

Одморалиште Лангкави, Малезија

Одморалиште Лангкави, Малезија
56 Читања

Одмаралиштата не можат да бидат полуксузни од ова.

Скриено среде 10 милиони години старата дождовна шума со извонредна биолошка разновидност, наградуваната архитектура на Datai обезбедува елегантен и простран дом од кој може да се истражи дивината во „дворот“.

Canopy собите имаат поглед на дрвјата и нивните жители, додека дождовните вили седат на потпорни греди во срцето на зеленилото.

Ако сте повеќе лице што сака плажа, вилите со една и две спални гледаат кон белата песочна плажа на заливот Datai Bay, изгласана од National Geographic како една од десетте најдобри плажи во светот.

Локалниот натуралист Иршад Мобирака помага во откривање на тајните на шумата во Nature центарот на одморалиштето, сместен во бамбусова куќа со племенски стил, но немојте да се изненадите доколку забележите некое локано животно, додека пиете коктел во барот.

Со блиските водопади, тесните патеки, коралните гребени и прошетките низ шумата, Datai е сон на секој љубител на природата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk