Поскапите парфеми траат подолго и често имаат способност да сменат три или четири мирисни ноти за неколку часа по нанесувањето.
Ние ги препознаваме мирисите и ги памтиме по сеќавањата што не поврзуваат за нив, а тоа е и една од причините зошто копиите тешко се разликуваат од оригиналот.
Сепак, постојат насоки кои можат да ни помогнат.
Првата е, секако, слаткастата карактеристика на копиите кои за своето постоење можат да и се заблагодарат на целната потрошувачка група, а тоа е помладата популација, која често има помалку сензитивно чувство за мирис.
Друга насока е постоењето на различни нивоа на мирис. Поскапите парфеми траат подолго и честопати имаат можност да променат три или четири мирисни ноти во рок од неколку часа по нанесувањето, додека најдобрите копии содржат до две ноти.
За да го проверите вашиот парфем, помирисајте го веднаш по нанесувањето и по два или три часа. Копијата треба да го задржи истиот мирис, додека оригиналот најверојатно ќе ја смени нотата.
Треба да се има на ум дека некои од најскапите парфеми всушност не менуваат ноти, па овој начин на препознавање не може да се примени на сите парфеми.