Новости

Оскар за најлош говор!

Овие три се на цел на потсмев на целата планета!

На 91. доделување на Оскар, во категоријата за шминка и фризура, триумфираше филмот “Vice”.

Наградени се Грег Кеном, Кејт Биско и Патриша Дејни, а беа, се разбира, воодушевени од наградата.

Можеби и премногу воодушевени – и покрај тоа што подготвија говор и зедоа ливче на бината од кое ќе читаат, тие беа целосно изгубени и почнаа да зборуваат во еден глас.

Публиката изгледаше збунето, се обидуваа да „излезат“ и да се организираат кој да зборува, а потоа и оркестарот почна да свири, пред да завршат.

„Ако овој говор станеше уште понепријатен, ќе можеше да биде дел од филмот“, пишува критичарот Дејвид Ерлих на Твитер, кој претходно го „погреба“ филмот “Vice”.

Погледнете!

https://youtu.be/oattDtak0yg

Напиши коментар