Cafe Del Mar

ОСЛАБЕТЕ ЗДРАВО со овие едноставни совети

Симнувањето на вишокот на килограми е напнато за сите во текот на пролетта, бидејќи започнуваат подготовките за летната сезона на лесната облека и костимите за капење.

Но, ако не сте еден од оние на кои диетите им одат од рака, тука се пет едноставни совети за решавање на неколку килограми без многу мака.

Без изгладнување – не гладувајте, бидејќи телото за време на оброците така ќе складира маснотии, со цел да се зачуваат за „преживување“ во состојба на глад. Метаболизмот се забавува за да заштеди енергија, така што треба да јадете повеќе и помали оброци.

Етерични масла – истражувањата покажаа дека мирисот на етеричните масла и миењето на забите помага да се намали апетитот. Мирисот на нане го намалува гладот, па ако ништо друго, барем запалете миризлива свеќа …

Јаболка – 15 минути пред планираниот поголем оброк изедете јаболко. Познато е дека ова овошје содржи влакна кои ќе ви обезбедат чувство на ситост и ќе консумирате до 15 проценти помалку калории за време на оброкот.

Планирање на оброците – држете се до планот и имајте само една калорична состојка во вашиот оброк. Така сепак нема да морате да се откажете од вашата омилена храна дури и кога е калорична.

Вода – испијте чаша вода пред јадење. На овој начин, нема да почувствувате прекумерна глад и ќе внесете помалку калории, па ќе ви биде полесно да уживате во вкусот на вашата омилена храна.

Напиши коментар