За убаво затегнати мускули на рацете не ви требаат многу справи во теретаната!
На скалите, на столчето, со само неколку мали тегови, можете да ги обликувате бицепсите со само една најдобра вежба!
Им овозможуваме на научниците да се занимаваат со комплицирани истражувања, а за себе „ги препишуваме“ само најдобрите резултати.
Затоа многу не интересира студијата на Американскиот совет за фитнес која имаше за цел да открие која вежба е најдобра за обликување на женските бицепси, а се воспостави дека тоа е – концентрично свиткување.
Еве како функционира оваа едноставна вежба со навидум комплицирано име.
Седнете на работ од столчето или скалите, наведнете се кон страната на раката што сакате да ја вежбате и со надлактот потпрете се врз внатрешноста на бутот.
Раширете ги нозете доволно за да имате простор да ја исправите раката во која го држите тегот.
Полека подигнете го тегот со потпирање на надлактот врз бутот и направете 6-12 повторувања во 3-6 сесии.