Изборот на добра фризура за венчавката е пред се субјективна одлука.
Без оглед на трендовите, кога ќе погледнете во огледалото, важно е дали ви се допаѓа она што го гледате или не. Треба да изберете фризура пред да донесете одлука за изборот на вел или друг накит во косата (круна, цвеќиња …).
Фризурата, како и сѐ друго што оди на фризурата, треба да одговара на обликот на лицето на невестата, но и на тежината на невестата.
Крајната цел на секоја фризура не е таа да биде модерна туку да ја покаже невестата во најдобро светло, да го извлече најдоброто од неа, а не да ја направи непрепознатлива.
Можете да изберете модерна фризура дури и ако носите класичен или vintage невестински фустан.
Високите невести треба да избегнуваат високо подигнати фризури.