Дестинации

Остров кој наликува на Малдиви, a e многу поблиску

Неколку километри од главниот град на Катар Доха, постои вистинска оаза што ќе ве натера да се чувствувате како да сте на Малдивите – островот Банана.

Станува збор за луксузно одморалиште кое започна со работа пред четири години и веднаш привлече најбогата клиентела од целиот свет.

За да стигнете до островот, мора да се качите на катамаран што плови од пристаништето Dhow, сопствена јахта или хеликоптер. Ако посетителите изберат катамаран, тие ќе доживеат уникатно искуство кога за време на 20-минутното возење ќе им биде понудено вистинско арапско кафе.

Додека се приближувате до островот, ќе имате чувство дека сте пристигнале на Малдивите, а на самиот остров имате неколку опции за сместување – од апартмани до цели вили.

Плажата е долга 800 метри, а е исто така погодна за оние кои сакаат да уживаат колку што е за оние кои се занимаваат со спорт на вода.

Забрането е да внесувате свој алкохол на островот, а се што ви е потребно ќе ви биде обезбедено од страна на персоналот од бројните ресторани на островот.

Напиши коментар