← НАЗАД НА БОЗА

Осум факти за првата брачна ноќ што никој нема да ви ги каже

Осум факти за првата брачна ноќ што никој нема да ви ги каже
41 Читања

Месеци пред венчавката, луѓето од време на време ќе ви намигнат спомнувајќи ја првата брачна ноќ. Дури и ако живеете веќе пет години со својата идна сопруга.

Всушност постои верување за првата брачна ноќ и колку таа треба да биде посебна. Но, всушност, првата брачна ноќ обично не е кулминација на страст и романса, што може да биде разочарувачки за некои ако си имаат замислено друго сценарио.

Иако не сакаме да ги уништиме вашите соништа, тука се осум многу чести (а не премногу секси) сценарија кои веројатно ќе ги доживеете неколку часа откако ќе кажете „Да“.

  • Ќе бидете прегладнети. По возбудата и константниот танц и дружење на венчавката, ќе почувствувате речиси животински глад штом ќе се оддалечите од сите настани и луѓе.
  • Може да се натажите. Без причина. Помирете се со тоа. Ќе помине.
  • Или ќе бидете многууу пијани. (Полошо е ако сте и тажни и пијани).
  • Исто така можно е сеуште да ве држи алкохолот од пред неколку часа, што значи дека постои можност сега да ги „доловите“ првите фази на мамурлакот.
  • На жените веројатно ќе им треба малку време да се извлечат од корсетот и да влезат во некоја секси комбинација …. што ќе потрае, затоа што сте гладни и пијани.
  • А ако вашиот фустан има милион копчиња и кукички, соблекувањето пред младоженецот нема да биде воопшто секси, па ризикувате тој да заспие пред да излезете од вашиот фустан за „принцези“.
  • Ако сте невеста која имала подигната фризура, најверојатно ќе започнете да ја распуштате косата, но во одреден момент едноставно ќе се откажете и ќе ја оставите да виси наоколу. А собата ќе биде толку полна со шноли, а не ливчиња од рози.
  • Ќе бидете исцрпени … И има голема шанса едноставно да заспиете еден над друг, пред да започне некаква романса.

Но, не грижете се, секогаш постои утре.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk