Дестинации

Осветлете ја Тауранга, Нов Зеланд

Нов Зеланд е познат како Мека за сјајни црви, но додека повеќето можности да ги видите вклучуваат големи групи на туристи кои се шетаат во подземни пештери или стуткани со чамци, има едно искуство кое ќе ја врати магијата назад.

Од Тауранга, неколку часа југоисточно од Оукленд, може да ја прескокнете толпата и да ја замените со веслање на кајак навечер во клисура, преплавена со овие блескави суштества.

Искуството започнува со дегустација на некои од најдобрите вина во Нов Зеланд заедно со сирење и овошје што гарантира дека ќе ве одржи сити на патот.

Како што тоне сонцето, ќе се сместите удобно и ќе се одвоите од брегот за спокојно патување по мирна вода во која можете да се огледате придружена со повикот на водните птици.

Додека темнината целосно падне, ќе се најдете  помеѓу цврстите ѕидови на карпестите клисури. Потребно е неколку минути за ноќниот вид да ви се активира, откривајќи ја бледата зелена светлина на илјадници сјајни црви. Ова интимно искуство навистина ве поврзува со природата која сте ја посетиле.

Тука е и звукот на водопадите, влагата од маглата на твоето лице, треперењето на светлината на ларвите кои ловат храна, и сјајот на милион ѕвезди горе.

Земете ги веслата и не ја пропуштајте оваа авантура!

Напиши коментар