Sweet Home

Освежете го изгледот на бањата без реновирање

Иако бањата е една од просториите што е потешко да се преуреди, тоа не значи дека нема да сакате да го менувате нејзиниот изглед од време на време. Еве неколку мали совети кои ќе ви помогнат во тоа бањата да ви изгледа поинаку:

– Ставете ги крпите на полиците на поинаков начин. Изротирајте ги, декорирајте. Променете ја бојата на крпите, сега нека бидат сите бели или во некоја друга боја.

– Следете една идејата која ќе го промени изгледот во бањата, но нема многу да се разликува од претходното уредување.

– Украсете го огледалото. Поставете го така што светлината што влегува од прозорецот ќе се рефлектира во него и ќе ја направи вашата бања посветла. Ставете некоја декорација до огледалото, или променете ја рамката. Исто така можете да го декорирате со лед сијалички или налепници.

– Внесете декоративни и миризливи свеќи во бањата. А кога сте во добро расположение, можете и да ги запалите. На овој начин тие ќе бидат и корисни.

– Променете ги држачите на сапуни, корпата за отпадоци и некои други мали детали, кои не се скапи, но можат да го освежат изгледот на бањата.

 

Напиши коментар