Sweet Home

Отмен класичен ентериер со примеси од Далечниот Исток

Кога ќе посакаме класично опремен дом со примеси на елеганција, доволно е да ги погледнеме делата на американската  дизајнерка на ентериер и да разбереме зошто нејзините клиенти постојано се враќаат да „украдат“ уште по некоја идеи за својот простор…

Дека обичната голема куќа може да се трансформира во еден софистициран рај докажува дизајнерката Џесика Џубелирер (Jessica Jubelirer) кој става акцент на соодветно избрани детали, а дрвото доминира, како и во останатите нејзини проекти.

На овој дом елеганција не му дава само стилскиот мебел, туку и останатите елементи, како црната лакирана маса со врежани жолти детали и слики во златни рамки кои одлично го пронајдоа своето место во оваа куќа.

Особено внимание привлекуваат елементите од дрво со боја на чоколадо.

Освен креденците, има полици, маси и огромна дрвена трпезарија покрај која се наоѓа можеби најневообичаениот детаљ во домот.

Станува збор за рачно насликан креденец со детали од Далечниот Исток, кој на целата просторија и дава примеси на традиција во комбинација со стилски елементи.

Погледнете ги сликите во галеријата и уверете се во префинетиот вкус на Џесика.

Напиши коментар