Дестинации

Отворен е првиот подводен ресторан во Европа

Оваа недела, Европа го доби својот прв подводен ресторан на северноатлантскиот брег на Норвешка!

Сепак, во овој ресторан нема да може да „ѕирне“ секој, бидејќи за оброкот треба да издвоите помеѓу 200 и 400 евра, а за маса се чека и до шест месеци.

Се наоѓа во Lindesnes, во близина на најјужната точка на Норвешка, ресторанот “Аnder” (под)им нуди на своите гости можност да вечераат додека низ панорамскиот прозорецот го гледаат подводниот свет „на дело“, пишува Форбс.

Половина од овој ресторан е под вода, додека другата половина е над површината на водата, а дизајнот е таков што совршено се вклопува во морската средина. Монолитната конструкција на ресторанот со бетонски ѕидови со дебелина од дури еден метар лежи на морското дно и е изградена да го издржи притисокот на водата и обезбеди заштита од дивите морски услови.

Ентериерот на ресторанот, исто така, ја поддржува главната идеја на архитектите кои го создадоа ресторанот и покажува колку солидните и природни материјали можат да се искористат за да се покаже убавината на природата.

Уникатното искуство на уживање во оброк во ресторанот пет и пол метри под површината на водата е веќе многу баран. Овој ресторан, кој може да услужи околу 40 луѓе, ќе има свечено отворање во почетокот на април, а веќе има околу 70.000 резервации, така што за маса се чека околу шест месеци. Масите се веќе окупирани до средината на август, а само неколку датуми се достапни во септември.

Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација што се менува со годишните времиња. За вечера неопходно е да се одделат околу 230 евра и околу 350 евра ако го вклучите и виното во оброкот во оваа земја со висок данок за алкохол.

Напиши коментар