Здраво тело

Ова е најдобриот појадок за дијабетичарите: симнете го високиот шеќер со оброк кој чини само 10 денари!

Појадокот е задолжителен за дијабетичари!

Во Србија, повеќе од 700.000 луѓе страдаат од шеќерна болест, а од дијабетес тип 2 се повеќе страдаат децата и адолесцентите.

Оваа болест се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулински хормони или телото не реагира на инсулин. Сепак, мали измени во исхраната можат да го спречат зголемувањето на шеќерот во крвта.

Нутриционистите тврдат дека јајцата се одлична намирница за појадок и дека со нив можеме да го намалиме шеќерот, но исто така да го намалиме ризикот од срцеви заболувања.

Јајцата ја зголемуваат количината на добар холестерол во крвта при што, исто така ја подобруваат чувствителноста на телото на инсулин.

Со зголемување на добриот холестерол, телото, исто така може да толерира лош холестерол.

Важно е да јадете цели јајца, а не само белката, како што се препорачува во современите диети.

Не ги пржете ниту пресолувајте, туку обарете ги и послужете со салата – едно јајце на ден има корист за секого, но најдобро е да се консултирате со вашиот лекар кој ја следи вашата здравствена состојба.

Напиши коментар