Motherhood

Ова е скриен ризик за бебето

Бремените жени кои користат средства за чистење кои содржат одредени хемикалии го ризикуваат здравјето на своето бебе, според истражувачите.

Студијата анализирала податоци од повеќе од 1.000 парови мајка-дете и откриле дека постои врска помеѓу пренатална изложеност на парабени, фталати, перфлуороалкил супстанции (PFA), и ја намалува функцијата на белите дробови кај децата.

ПФА супстанциите се наоѓаат во многу домашни производи за чистење, амбалажите за храна, како и садовите отпорни на лепење.

Овие хемикалии, велат експертите, бремените жени можат да ги апсорбираат преку храната или водата, а потоа да се пренесат на бебето преку плацентата.

Студијата беше спроведена во соработка со Институтот за глобално здравје во Барселона и францускиот Институт за глобалното здравје и биомедицински истражувања.

Анализирани беа податоците на учесниците од Шпанија, Франција, Грција, Литванија и Норвешка, и откриле дека 85 бремени жени биле изложени на овие хемикалии и 125 деца (по раѓањето).

Научниците ја мереа со спирометрија функцијата на белите дробови кај децата кога тие наполнија шест години, а потоа повторно кога тие наполнија 12 години.

Тие откриле дека во девет случаи хемиската изложеност ја оштетила функцијата на белите дробови кај децата, и откриле дека двете главни причини за ова се disononil ftalat и di-etilheksil ftalat.

И двете материи се наоѓаат во многу производи од пластика и можат да се абсорбираат во телото преку кожата.

Д-р Мартин Вријхајд рече дека е важно да се преземат превентивни мерки со цел да се спречи оштетувањето на здравјето на бебињата – почнувајќи од тоа дека би требало подобро и подетално да бидат испишани состојките на пакувањето, до тоа дека бремените жени треба колку што е можно повеќе да ја избегнуваат изложеноста на хемикалии.

Напиши коментар