← НАЗАД НА БОЗА

Ова ќе бидат најпопуларните трендови во 2019. година

Ова ќе бидат најпопуларните трендови во 2019. година
73 Читања

И оваа година модерни ќе бидат силните и впечатливи модни комбинации. Индивидуалните, смели трендови се веќе на самиот моден врв од 2019. година. Доколку сте храбра дама, која ужива во модата, време е да се подготвите за најпопуларните трендови оваа сезона.

Неонски бои

Неонските нијанси ќе му дадат на секој outfit впечатлив изглед, бидејќи монотонијата на неутрални бои не е она што ќе се носи оваа година. Оваа година поентата е да бидете забележани, во што ќе ви помогнат неонските бои, особено во комбинација со црно или бело.

Animal print

Овој тренд беше популарен во текот на претходната година, а неговата популарност ќе продолжи да се демонстрира и во текот на оваа година. Особено популарен ќе биде леопард принтот и дезенот со змијска кожа.

Ташнички околу половината

Овој тренд е апсолутен хит веќе неколку сезони, а љубовта кон него е неизбежна уште од почетокот на оваа година. Ова е во исто време практичен и шик тренд на 90-тите години, кој претендира да стане класика. Уживајте во носењето на овој стилски детаљ, кој ќе ве издвои од толпата.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk