Погледот е неверојатен.
Во близина на градот Da Nang во Виетнам, постои џунгла низ која е можно да се прелета! Не буквално, но чувството е многу близу.
Всушност, токму на ова место е најдолгата жичара во светот.
Таа беше пуштена во работа во 2013 година, а долга е дури 5.800 метри.
Во видеото можете да го видите ова неверојатно патување. Благодарение на облачното време кое не е реткост во овој централен дел од Виетнам, чувството дека летате е реално. Или подобро е да се каже – нереално.
Ако сте личност со авантуристички дух и љубител на патувањето, ова е една од дестинациите што можеби ќе сакате да ги запишете во вашиот планер.