Колку внимание посветуваме на накитот како еден од најважните фактори на нашиот секој изглед?
Добрата тaшна, ремен и чевли можат да го подигнат секој outfit на ново ниво, како и впечатливите парчиња накит што го одвлекуваат вниманието од фустанот што го носевте веќе неколку пати и му даваат сосема нов изглед.
Еден од многуте тренди парчиња накит се statement обетките кои веќе со години се во мода, но од сезона во сезона тие добиваат нови форми, бои и дизајн.
Покрај надополнувањето на вашиот outfit, statement обетките го врамуваат вашето лице и ја нагласуваат вашата шминка.
Иако носевме минималистички накит веќе неколку сезони наназад, оваа година повторно станаа популарни импресивните, големи обетки кои едноставно не можат да останат незабележани.
Дали и вие ќе ја обновите вашата кутија со накит со пар statement обетки?