← НАЗАД НА БОЗА

Ова се најдобрите години за да стапите во брак!

Ова се најдобрите години за да стапите во брак!
41 Читања

Дали сте веќе во брак или чекате подобар момент? Со години се веруваше дека подобри бракови се оние кои ќе започнат подоцна, но дали е тоа така?

Истражување на Американскиот универзитет во Јута покажува дека оние бракови кои се склопуваат по 32. година се изложени на зголемен ризик за развод од оние кои се склопени во доцните 20 – ти. Помеѓу 25. и 32. година е најдоброто време за брак и најмала е шансата да се заврши со развод.

Во ова истражување се разгледуваат и социјалните и демократските фактори, како што се пол, раса, структурата на семејството, религијата и големината на градот каде што живеат луѓето.

Nikolas Х. Volfinger, лидер на истражувањето вели дека речиси за секој човек, крајот на 20-тите години е најдобар за склучување на брак.

Тој објаснува зошто луѓето кои се венчаат во 30. имаат потешкотии да останат во брак.

Оние кои ја чекаат средината на 30. за да стапат во брак, можеби немаат предиспозиции за брак, без разлика дали станува збор за тоа дека се тешки карактери или имаат потешкотии со воспоставување на меѓучовечки односи, па кај нив постои поголем ризик за развод.

Тој, исто така, вели дека луѓето кои во 30 – тите би биле добри брачни партнери , добро се чувствуваат и како самци, или им одговара да живеат во вонбрачна заедница.

Некои луѓе толку го одложуваат бракот што се прилагодуваат на самиот живот, па не се добри брачни партнери ако се одлучат за брак.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk