Motherhood

Ова се најдобрите години за раѓање на деца, потврди науката

Улогата на родителите обично не избира време, но едноставно е подобро да станете родител во одредени години.

Некои велат дека е најдобро да се има детето во дваесеттите години, додека други советуваат дека е добро да ги имате во четириесеттите години, па се наоѓаме малку во дилема.

Како што истакнуваат експертите, здравствените проблеми се лоша страна и за едните и за другите години.

Но, вистинското време е прашање на личен избор, но студијата спроведена од страна на д-р Џон Мировски од Универзитетот во Тексас покажа дека совршената возраст за раѓање е 34 години.

Во овие години, жените се оптимално здрави и спремни за бременост. Други истакнуваат дека жените во овие години имаат идеална количина на енергија и се доволно зрели за да подигнат дете.

Ако го додадеме тоа и дека луѓето на оваа возраст се финансиски постабилни и имаат здрави односи, тогаш ова се навистина идеални години.

Жените кои не брзаат со бременост, имаат подобро здравје, живеат подолго и раѓаат поздрави бебиња. Жената која прв пат раѓа на 34 години има многу повеќе здравствени придобивки од помладите девојчиња.

Здравствените придобивки започнуваат со 22 години и растат се до 34 години.

Со 35 години, проблемите веќе започнуваат да се јавуваат кај жените кои полека се приближува кон 40-тите години.

Напиши коментар