Дестинации

Ова се „најсликаните“ градови во Европа!

Се чини дека повеќе не се смета дека некаде сте патувате, ако не „докажете“ со фотографија на Instagram.

А еве кои градови најмногу им се допаѓаат на Instagram „зависниците“ …

Иако е често дождлив и сив, Лондон е град каде корисниците на Instagram претпочитаат да фотографираат, барем според податоците од Home To Go, кој вели дека Лондон е обележан на оваа социјална мрежа скоро 120 милиони пати!

Главниот град на Франција, град кој го има Нотр Дам, Лувр и Ајфеловата кула, меѓу другото, се најде на второто место (100,8 милиони тагови) …а следи Барселона со своите песочни плажи (47,4 милиони тагови).

Следат Рим (44,8 милиони), Берлин (36,1 милиони), Мадрид (31,2 милиони), Амстердам (26,7 милиони), Лисабон (17,7 милиони) , Хамбург (15.3 милиони) и на десетото место Валенсија (14.1 милиони тагови).

Еве, да знаете, ако патувате во еден од овие градови, не заборавајте да го сликате! 🙂

Напиши коментар