Раната бременост е многу исцрпувачка за повеќето бремени жени, бидејќи тогаш се јавува мачнината. Ако на ова ја додадеме несоницата која мачи многу жени, проблемот е уште поголем.
Дневна поспаност
Високите нивоа на хормонот прогестерон, кој го регулира женскиот репродуктивен циклус, го завземаат вашето тело во раната бременост.
Поради прогестеронот, се чувствувате поспани во текот на денот, а исто така влијае и на спиењето во текот на ноќта, што доведува до уште поголем замор.
Со сите хормонални и физички промени кои ги доживува телото на бремената жена, не е изненадувачки што се обидуваат да најдат енергија за одржување на вообичаениот секојдневен ритам.
Најдете време за кратка дремка за да го надминете недостатокот на спиење.
Мачнина
Најмалку 75 проценти од жените чувствуваат гадење во раните недели од бременоста. Честопати погрешно се нарекува „утринско гадење“, а може да трае цел ден и особено е непријатна во текот на ноќта.
За да го намалите ноќното гадење, чувајте лесни закуски, како крекери, до креветот за да ги грицкате кога ќе се разбудите. Ова ќе ви помогне да се чувствувате подобро.
Можете исто така да пиете чај од ѓумбир пред спиење и во текот на денот, бидејќи ѓумбирот го намалува гадењето.
Глад во текот на ноќта
Чувствувате глад во текот на ноќта и не можете да заспиете? Сите ја слушнавме фразата „јадеме за двајца“, а многу мајки ќе им се радуваат на тортите без грижа на совеста – но обидете се да јадете здрава храна со житарки, протеини и свежо овошје.
Постојано имате потреба за мокрење
Ова е честа појава во раната, но и доцна бременост. Можете да се обидете да ги намалите ноќните прошетки до бањата со пиење многу течности во текот на денот, но намалете ги vо доцните попладневни и вечерните часови.
Исто така, избегнувајте кафе бидејќи кофеинот ја зголемува потребата за мокрење.