Ова е листа од петте најдобри сумплементи кои популарно се нарекуваат „5 основни и моќни“. Тие ќе му дадат на телото сè што е потребно за здравје и долг живот.
Ако сте заинтересирани за здравје и се грижите за она што го внесувате во телото, тогаш најверојатно на некој начин ќе бидете „оптоварени“ со тоа што да му дадете на детето да порасне здраво и силно.
Дури и ако јадете здрава храна, вежбате и се грижите за здравјето на вашето семејство, препораката на лекарите е вие и вашето дете редовно да ги користите овие суплементи за да ја избегнете болеста.
Ова се суплементите:
Магнезиум
Ако пиете големи количини на кафе, алкохол и консумирате многу сол во вашето тело, тогаш мора да имате дефицит на магнезиум.
Луѓето кои страдаат од несоница или треперење на нозете веројатно имаат недостаток на магнезиум и телото со овие симптоми укажува за нивната потреба од овој суплемент.
Магнезиумот може да се намали за време на ПМС, кога луѓето се нервозни, депресивни, кога имаат мигрена, кога страдаат од дијабетес тип два или висок крвен притисок, хронична дијареа или повраќање, како и воспаление на мускулите.
Мултивитамини и минерали
Многу луѓе веруваат дека здравиот начин на живот и разновидната исхрана се доволни за нив. Но, тоа не е вистина.
Повеќето луѓе не добиваат доволно минерали и витамини од храната, според многу медицински списанија.
Истражувањето во 2010 година покажа дека дури 80% од луѓето немаат доволно минерали и витамини во телото. Ова во голема мера се должи на лошиот избор и консумирање на преработената храна, газираните пијалоци и слатки.
Пробиотик
Ја знаете онаа изрека: „се почнува од стомакот“, баш поради тоа пробиотикот е еден од најважните сумплементи особено денес кога сите консумираме индустриски процесирана храна.
Екологијата, стресот, лошиот начин на живот ги уништуваат добрите бактерии што се населуваат во нашите црева.
Затоа, неопходно е тие да „влезат“ преку пробиотиците.