Не е лесно да се ослабне, тоа го знае секој кој барем еднаш се впуштил во таа авантура.
Сепак, многу е често погрешното размислување дека мора да го измачувате вашето тело за да се решите од постоечките масни наслаги. Овие 10 трикови докажуваат дека ова не е вистина.
- Редовно менувајте го редоследот по кој јадете. За промена, започнете го оброкот со овошје или јогурт, а не со супа.
- Да имате чувство на полна чинија, рамномерно распоредете ја храната по нејзината површина.
- Избегнувајте да сервирате во чинии со голем капацитет за да го доведете во заблуда мозокот при проценка на количината на храна што ја јадете.
- Секогаш имајте овошје при рака за да го гризете кога ќе почувствувате глад помеѓу оброците.
- Послужете многу топла храна, бидејќи топлината од вашата храна ќе ве натера да забавите и да јадете полека, наместо да го голтнете оброкот во две или три залчиња.
- Отстранете ги сите скриени залихи на нездрави грицки поради кои обично потклекнувате и го уништувате режимот на здрава исхрана.
- Пред оброк, напијте се неколку голтки газирана вода за да го залажете стомакот и да го намалите чувството на неопислив глад.
- Половина час пред јадење, изедете јаболко и добро изџвакајте го секое залче.
- Воведете природни лекови против глад во вашата исхрана. Измешајте две лажички рогач во прав во чаша со вода и испијте пред јадење.
- Пијте билни чаеви со дренажно делување, како што е глуварче, жолт кожурец, хамамелис и матичњак, поединечно или во комбинација.