Светски познатата нутриционистка Моника Реинагел често дава совети за исхрана и ги крши митовите за храната. Таа открива и кои намирници, иако веруваме во спротивното, можеме да ги консумираме почесто.
Кафе
Консумацијата на црното кафе е добра за „добриот“ холестерол бидејќи му помага на телото да ги намали воспалувањата. Кафето е богато со антиоксиданти, го штити срцето и не треба да го исфрлите од дневниот распоред се додека не претерувате.
Црвено месо
Реинагел тврди дека црвеното месо има лоша репутација поради погрешни причини. Некои парчиња црвено месо, како што се filet mignon и flam, се многу хранливи и добри за здравјето на срцето. Тие се добар извор на протеини, железо, витамин Б, цинк …
Компири
Ако ја намалите количината на сол, треба да го зголемите изворот на калиум. Јадете свежо овошје, зеленчук и житни култури. Компирот е еден од најдобрите извори на калиум.
Свинска маст
Бројни студии покажаа дека свинската маст има 33 проценти помалку заситени масни киселини од путерот. Покрај тоа, таа е одличен извор на витамин Б и минерали.