Ги избравме најдобрите парчиња со реси од моменталната понуда.
Иако трендот на каубојски чизми и реси се појави пред неколку сезони, се чини дека оваа пролет ќе го доживее својот врв.
За вас, ние веќе ги издвоивме генијалните нови модели на каубојски чизми што ќе ја одбележат оваа сезона, а сега дојдоа на ред и интересни парчиња со реси. Од кошули и јакни до ташни и чевли, а ресите оваа сезона доаѓаат во сите изданија!
Генијални парчиња со реси беа подготвени од луксузните брендови како што се Miu Miu, Loewe, Balenciaga, Gucci и многу други, обожаваниот бренд со прифатлив луксуз, Ganni, исто така нè воодушеви со своите јакни и чизми, а тука се и одличните high-street варијанти од Зара, Манго и Топшоп.
Во галеријата ве очекуваат 15-те најдобри парчиња со реси од моменталната понуда.