Со враќањето на преголемите сакоа, панталони со широки ногавици и големите маици кои можете да ги позајмите од машкиот гардеробер, фустаните кои ја следат силуетата на телото, исто така бавно одат во заборав.
Да и комфорот може да биде шик што го докажуваат сите овие парчиња облека, но и овој модел на фустан кој стана вистински моден хит кој ќе го гледате насекаде ова лето.
Станува збор за т.н. „грди“ фустани, чиј модел потсетува на ноќницата на вашата баба, а ги красат широки надуени ракави, висока крагна и крој кој им стои токму на сите бидејќи не ја следи линијата на телото, туку од градите се шири во А-крој.
Овој практичен модел на фустан сокрива сè што сакате да сокриете, истовремено обезбедувајќи ви удобност, леснотија и шик изглед.
Доколку на овој фустан му додадете сламена ташна, интересни сандали и очила за сонце, можете да го искомбинирате во вашиот секојдневен изглед за совршен look во топлите денови, а многу девојки може да ве прашаат каде сте го купиле фустанот.
Иако луксузните дизајнерски модни куќи го препознаа потенцијалот на овој модел на фустан, не грижете се, „грдите“ фустани можат да се најдат во речиси секоја high street продавница по многу поволни цени.