Сите научивме дека не е здраво да го прескокнеме појадокот и дека тој е најважниот оброк, како што многумина го нарекуваат, а воедно и предуслов за добар почеток на денот.
Вашиот појадок треба да содржи протеини, овошје, зеленчук или цели зрна житарки. Според многу диететичари, една житарка е совршена состојка за утрински оброк, а тоа е овесот. Ако не ја консумирате, ова се пет причини зошто треба да започнете:
- Овесот содржи растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна формираат вискозен гел кој помага да се намали холестеролот и да се стабилизира нивото на гликоза во крвта. Нерастворливите влакна помагаат во спречувањето на запекот и подобрувањето на работата на цревата. И срцето и дигестивниот систем ќе ви бидат благодарни.
- Една чаша варен овес содржи околу 150 калории, четири грама влакна и шест грама протеини. Овој моќен оброк ќе ве одржи сити до ручек без никакви проблеми.
- Овесот содржи важни минерали. Овесната каша е богата со хранливи материи како што тиамин, магнезиум, фосфор, цинк, манган, селен, железо.
- Овесот не содржи глутен, но имајте на ум дека некои производители своите производи ги произведуваат на иста опрема како и другите потенцијално неисчистени зрна, па внимателно прочитајте ја етикетата на производот.
- Овесот може да ја контролира вашата тежина со тоа што ќе ве држи сити подолго време. За жал, од јагленохидратите, често се плашат од оние кои сакаат да се решат од неколкуте килограми, но со изборот на житарките, би можеле да ја задоволиме гладта.