Ако го почитувате овој вид на исхрана кој се базира на здрав принцип, ќе ги изгубите несаканите килограми брзо и лесно.
Здравата исхрана е од суштинско значење за губење на килограмите и одржувањето на тенка линија. За да бидете во врвна форма, обидете се да се фокусирате на овие 5 режими на исхрана.
Нордиска исхрана
Нордиската исхрана е полна со зеленчук и овошје, и е многу популарна меѓу познатите личности. Кај нордиската диета, за разлика од другите, целта не е да се исфрлат јагленохидратите и да се намалат калориите.
Се користи масло од маслена репка и канола. Мрсна риба, како што е лососот и млечните производи со ниски маснотии, се најважни во оваа диета.
Повремен пост
Овој начин на губење на килограмите доби голема популарност во Обединетото Кралство, а подразбира да ја консумирате препорачаната количина на калории пет дена, а останатите два дена – постите.
Медитеранска исхрана
Овој вид на исхрана се смета за најздрава во светот, бидејќи го чува срцето и го намалува холестеролот. Се состои од овошје, зеленчук, житарици, мешунки и маслиново масло.
Banting исхрана
Тоа е диета со висока содржина на маснотии и ниска содржина на јагленохидрати. Сепак, не се препорачува за лица со срцеви проблеми.
Дозирање на намирници
Французите посветуваат големо внимание на големината на оброкот, особено ако планираат да изгубат на тежина.
Според студијата на Француската агенција за храна, животна средина и здравјето и безбедноста при работа, 23% од француската популација претпочитаат да јадат помали оброци.
Тие исто така ја избегнуваат пржената и преработената и „брза храна“. Рибата, виното и млечните производи се клучни за овој вид на исхрана.