← НАЗАД НА БОЗА

Овие се најчестите изговори за прекин на вашата диета

Овие се најчестите изговори за прекин на вашата диета
375 Читања

Повеќе од четири пати годишно, членовите на поубавиот пол започнуваат диета и траат најмногу до три недели. Две третини од жените признаваат дека само бараат изговори за да ги прекинат диетите, според една студија во Велика Британија.

Скоро половина од испитаниците не сакаат да им признаат на другите дека ја прекинале диетата, криејќи ја од партнерите и другите членови на семејството.

Најчестите причини за прекинување на вашата диета се лошиот ден, недостаток на волја или роденден, а најмногу може да бидат погодени од чоколадо, колачи, леб и чипс.

Повеќето жени признаваат дека нивното слабеење би било поуспешно ако само јаделе поздраво наместо да изгладнат и исфрлаат одредена храна.

Топ 10 причини зошто жените се откажуваат од диета:

  1. „Имав лош ден“.
  2. „Денес е мојот роденден“.
  3. „Едноставно не можам да одолеам“.
  4. „Ми треба нешто за да ме развесели“.
  5. “Тешко е да се јаде здрава храна сам.”
  6. „Цело време внимавав на мојата диета и заслужувам награда“.
  7. „Ми недостасува волја“.
  8. „Животот е краток“.
  9. „Бев во ресторан и не се спротивставив на десерт“.
  10. „Ми беше здодевно“.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk