Метаболизмот е збор кој што ние често го користиме, но не е сосема јасно колкава контрола всушност имаме над сопствениот метаболизам.
Нутриционистката Саманта Касети откри три од најчестите нарушувања на метаболизмот, вклучувајќи го и одговорот на прашањето дали метаболизмот навистина може да се забрза.
МИТ 1: Не можете да направите ништо за да го промените вашиот метаболизам
Генетиката и одредени медицински состојби, како што се проблеми со тироидната жлезда, играат важна улога во работата на метаболизмот, но постојат чекори за оптимизација на вашиот сопствен метаболизам, како што се исхраната и вежбањето.
Вежбањето согорува 30 проценти од вкупниот број на изгубени калории, а ако вежбата вклучува вежбање со тегови, дополнителната мускулна маса ќе даде мал, но значаен поттик за метаболизмот, вели нутриционистката Саманта Касети.
Покрај тоа, одредена храна и хранливи материи, исто така, ќе го поттикнат метаболизмот. Најдобар избор ќе биде целата храна наместо рафинираната, која вклучува слатки и преработени житарки.
Мит 2: Слабите луѓе имаат побрз метаболизам од луѓето со вишок на килограми
Вистината е токму во спротивното. Метаболизмот ги вклучува сите процеси кои се случуваат во телото и нè одржуваат живи (дишење, спиење, отчукување на срцето, итн.), заедно со функциите на телото кои ни овозможуваат да се движиме.
Ова значи дека кај луѓето со вишок килограми калориите „се движат побрзо“, бидејќи тоа е потребно при носењето на поголема маса, како што објаснува Касети.
МИТ 3: Се додека јадете здраво и вежбате, вашиот метаболизам ќе биде добар
Здравата исхрана и вежбањето се важни за добар метаболизам, но има уште еден многу важен фактор – спиењето. Недостатокот на сон има многу големо влијание врз метаболичките процеси во телото.
Само една ноќ со недостаток на спиење може да ги наруши хормоните и да го зголеми апетитот.