Прилично ефективно, женствено, удобно и едноставно идеално пролетно парче.
Пролетта е пред вратата, а ние со нетрпение чекаме да ги видиме првите фустани со цветен дезен, во кои нашите омилени трендсетерки наскоро ќе прошетаат.
Со оглед на тоа што пролетните колекции во голем број веќе се застапени по излозите на нашите омилени брендови, модните зависници се доста љубопитни во врска со парчињата кои ќе бидат најпопуларни, а благодарение на социјалните мрежи, веќе можеме да го дознаеме тоа.
Имено, нашите омилени трендсетерки веќе ги замениле студените европски градови со егзотичните дестинации, така што имаме можност да ги видиме новостите за она што не очекува во потоплите месеци пред нас.
Од outfit-ите во кои што прошетаа, се издвои само еден фустан, а станува збор за миди-моделот со кратки ракави од британскиот бренд Self-Portrait, кој доаѓа во две цветни варијанти и убава пастелна жолта верзија, а како го носат трендсетерките, погледнете во продолжение.