Мода

Овој мал детаљ ќе го направи вашиот капут да изгледа десет пати поскапо и полуксузно

Без разлика дали тоа е познатиот кожен капут, волнен капут или винтиџ парче, овој мал детаљ ја прави разликата на секој модел.

Малиот моден детаљ во облик на крзнена крагна на капутот или јакната сериозно влијае врз оваа сезона.

Капутите со крзнена јака, ревери и крзно околу рабовите едноставно изгледаат и до десет пати поскапи од оние кои ги немаат овие “fur” детали.

Впрочем, кога е ладно надвор, и единственото нешто што може да се види на вас е капутот, тогаш ќе биде најдобро тој да е фантастичен!

За разлика од високо-технолошки парчиња од модната писта и ладните детали, овој тренд потсетува на топол бран мода од поранешните холивудски фатални жени.

Можеби тие првично беа носени како крзнени шалови и детали на врвовите на чизмите, во вистински стил во 2019. година, модната публика ужива во крзно со мешавина на ретро тонови со лесен тексас, со спротивставени дезени, или обемен накит.

Убавината на овој тренд на капутот е во тоа што може да се најде по секоја цена, од 50 до 500 евра.

И не само тоа, ова е тренди детаљ кој може да се најде и во second hand продавница.

И што е најдобро од сè, тешко е да се направи разлика помеѓу оние купени во такви продавници или нарачани од светски дизајнери.

Ви претставиме неколку комбинации на овој детаљ со капути, а зависи од вас кој уникатен ретро скапоцен камен ќе го одберете.

Ретро класика за оние кои не сакаат да ризикуваат. Кафеав капут со кафеаво крзно ќе му даде посебен печат на вашиот изглед оваа зима!

View this post on Instagram

Mood ❄️

A post shared by Adenorah ♏️ (@annelauremais) on

Крзнена јака во сина боја во комбинација со леопард-дезен е вистинската комбинација од модните писти.

Крзнено капут со крзно околу вратот и со панталони и патики. Совршена комбинација на стилови.

View this post on Instagram

Found A Ray Of Sunlight 🌞 #Streetstyle #Oslo #Norway

A post shared by NNENNA (@nnennaechem) on

Малку повеќе puf, но ништо помалку импресивно. Розево крзно врз црн капут изгледа толку моќно. Овој капут е сè што сакаме да носиме оваа зима.

View this post on Instagram

twisted basics 🍑💕💘

A post shared by sania claus demina (@saniaclausdemina) on

Напиши коментар