Мојата кујна

Палачинки со јаболки и цимет

Феноменален десерт со едноставни состојки!

Состојки:

– 10 помали палачинки

– 3 излупени слатки јаболки

– 50 гр путер

– 3 лажици кафеав шеќер

– цимет

– сок од 1/2 лимон

– прелив од карамела

Стопете го путерот во тенџере и испржете ги исецканите јаболки со шеќер и цимет. Кога ќе добијат златна боја, прелејте ги со сок од лимон.

Измешајте се и филот е готов! Истурете го врз палачинките и  завиткајте ги, потоа прелијте ги со преливот од карамела и додадете малку цимет.

Пријатно!

Напиши коментар