Мода

Панталони со висок струк – омилен модел на оваа сезона

Оваа сезона, панталоните со висок струк се омиленото парче за секоја пригода.

Украсени со впечатлив ремен во иста боја, тие се совршен избор за класична дневна комбинација искомбинирана со патики и бела маица, но тие се подеднакво ефикасен избор за вечерни варијанти, салонки и некоја необична кошула.

Панталоните се генерално моден класик, кој секоја жена треба да го поседува, а овие со висок струк ја истакнуваат фигурата на најдобар начин, што придонесува за нивната растечка популарност.

Кога станува збор за популарните модели, можете да избирате помеѓу оние со популарниот дезен на риги или панталони со нежни бои, за свечени пригоди, а особено се популарни оние со впечатливи бои, во духот на пролетта.

Во зависност од пригодата, можете да ги искомбинирате по желба.

Совршено одат со вашата омилена маица со принт, но исто така и со свечена кошула со голи раменици, која на целиот изглед ќе му даде доза на женственост и елеганција.

Напиши коментар