Парацетамолот или ибупрофенот се лекови кои често – и без размислување – ги пиеме за главоболка, покачена температура, разни проблеми … но време е да обрнете внимание на дозата и зачестеноста! Еве зошто …
Жените кои пијат два пати неделно парацетамол или ибупрофен имаат ризик од траен губиток на слухот, се вели во истражување на болницата “Brigham and Women’s” во САД.
Лекарите веруваат дека овој феномен најверојатно предизвикува намален проток на крв во внатрешното уво и негова штета поради изложеност на бучава.
Дури една на 20 жени, поради губење на слухот, може да ги обвини овие лекови против болки, велат од Daily Mail.
Резултатите од студијата се совпаѓаат со друго, слично истражување кое вклучува мажи.
Една на 12 жени во САД зема парацетамол најмалку два пати неделно, што во периодот од 6 години го зголемува ризикот од губење на слухот за 9 проценти.
Студијата, објавена во Journal of Epidemiology, вклучи 55.850 жени на возраст од 44 до 49 години.
Според резултатите од оваа студија, парацетамол и сличните лекови може да го намалат протокот на крв во внатрешното уво.
Сепак, редовните дози на ибупрофен – покажа истражувањето – може да го намалат ризикот од рак на белите дробови кај пушачите.
Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо покажаа дека малите дози на ибупрофен, кои се земаат редовно, можат да ги смират воспалителните процеси кои би довеле до тумор на белите дробови.