Жените не сакаат монотонија кога се работи за нивниот изглед, и одвреме-навреме уживаат кога ќе сменат нешто на себе.
Највпечатлива промена, која жените ја сакаат, е промената на фризурата, бидејќи косата е она што прво ни го привлекува вниманието кога ќе видиме некоја жена.
Значи, дали станува збор за бојата на косата или стилизација на фризурата, важно е само да се направи промената, а косата да изгледа беспрекорно!
Соодветен избор на фризура, според типот на вашата коса, е исклучително важен ако сакате вашата фризура да изгледа беспрекорно во секој момент.
Краток паж
Кога станува збор за тенка коса, идеалната фризура за неа е попопуларниот краток паж, кој создава уникатна рамка на лицето.
Од друга страна, доколку сакате да и дадете поголем волумен на вашата тенка коса, можете да направите степенеста паж фризура. Ова е фризура со која вашата коса ќе изгледа стилски и живо.
Доколку сакате уште поголем волумен, побарајте сојузник во светлите прамени, кои визуелно ќе ја направат вашата коса бујна, а за вас тоа ќе биде вистинско освежување.
Долг паж
На густата коса ќе и одговара подолгата верзија на паж, која воедно е и омилената фризура на it девојките, во последно време.
Оваа фризура ќе ви стои совршено, без разлика дали имате природна или кадрава коса, а бидејќи е едноставна за стилизирање, секогаш ќе имате фризура на која ќе ви завидуваат.
Ако сакате подобар волумен, ќе биде доволно само да го поместите патецот на друга страна и да ја збогатите косата со неколку релаксирани бранови.
Со оглед на тоа што фризурата се одредува според обликот на лицето, паж е непогрешлива фризура, бидејќи подеднакво добро ја следи линијата на лицето со овална, срцевидна или округла форма.
Бидете тренди и освежете го својот изглед, со фризура со која што е невозможно да направите грешка.