Cafe Del Mar

Пешачење: Ефективен начин да ослабете

Пешачењето навистина може да биде висококвалитетна физичка активност, која ви помага да стекнете кондиција, да согорите калории и да ги изградите вашите мускули.

Се разбира, за да ја видите промената, треба активно да пешачите, со километри, а исто така можете да воведете некаков напор во вашите прошетки за да видите побрз ефект.

Одете по угорнина

Ако се качувате по скали, или одите по угорнина, ќе согорите 50% повеќе калории отколку во текот на обична прошетка. Додека одите по угорнина, го зголемувате интензитетот на мускулниот напор, што автоматски доведува до зголемување на согорувањето на калориите.

Зголемете ја брзината на одење

Пробајте брзо одење. Ако успеете да поминете 126 метри во минута, по километар одење ќе истрошите исто количество на калории, како да сте трчале. Подеднакво ефикасно ќе биде ако постепено го менувате интензитетот на прошетката.

Обидете се да имате минута на брзо одење, по што ќе одите 5 минути со умерен интензитет. На овој начин ќе се избегне заморот, и ќе го активирате метаболизмот, кој ќе работи експедитивно, дури и по прошетката.

Користете ги рацете

Свиткајте ги лактовите под агол од 90 степени, и за време на одењето, движете ги рацете од рамената. Со кратко движење на рацете ќе го забрзате вашето тело, за време на движењето, а со тоа ќе ја зголемите брзината на потрошените калории.

Нема простор за изговори, дека за тренинг немате доволно време, пари или сила. Доволно е да се облечете и да излезете надвор во получасовна, ефикасна прошетка, а по еден месец ќе видите голем напредок во вашето физичко и ментално здравје.

Напиши коментар