Гарсоњерите и помалите станови бараат практични парчиња мебел што зафаќаат што е можно помал простор.
Затоа мора да бидете внимателни при изборот на кујнските елементи, бидејќи некои домашни апарати едноставно мора да ги имате …
Сите потребни елементи во неколку квадрати?
Да, и ова сега е изводливо благодарение на имагинативните италијански производители „Скаволини“, кои ги претставија моделите на кујни скроени за мали станови или гарсоњери.
Истите производители покажаа одлични кујни со најмодерен дизајн.
Модерните кујни од неколку квадрати со сите потребни елементи и мини трпезарии ќе ги воодушеват сите оние кои до сега имале проблем да ја стават кујната во мал простор.
Интересни полици и елементи изработени од квалитетно дрво, можат да се најдат во неколку модели, но и бои.
Дизајнерите на одличен начин се погрижија совршено да се вклопат и како составен дел од дневната соба, а идеите за мини кујни можете да ги погледнете во галеријата.