Мојата кујна

Пикантни пилешки залчиња

Супер рецепт за оние кои сакаат луто.

Потребно е малку повеќе од половина час за да се подготви сè, а потоа можете да уживате во лутите залчиња!

Состојки:

300 грама пилешко бело месо, се сече на коцки големи „колку едно залче“

помала глава кромид, ситно сецкан

лут црвен пипер

дваесет грама путер

сол по вкус

За сос:

три лажици дробено „сино“ сирење

една третина чаша кисела павлака

две лажици ситно сецкан кромид

лажичка вински оцет

Подготовка:

Измешајте го синото сирење и павлаката, добро да се соединат, додадете ги ситно исечениот кромид и оцетот, добро промешајте за да добиете сос.

Загрејте ја рерната на 200 степени, ставете ја хартијата за печење во тепсија.

Измешајте го стопениот путер, црвениот пипер и солта во чинија, а потоа извалкајте ги парчињата пилешко во оваа мешавина.

Наредете ги во тавата, посипете ги со ситно исецкан кромид и печете петнаесет минути, или додека месото не добие златно-жолта боја.

Послужете ги со сосот од сино сирење.

Напиши коментар