← НАЗАД НА БОЗА

Pink е секогаш во мода

Pink е секогаш во мода
84 Читања

Бојата, од која од сезона во сезона жените не се откажуваат, дефинитивно е розевата.

Со оглед на годишните времиња, варираат нијансите на розевата боја што ја носиме, но не постои период во годината, кога таа не е бојата, која ќе ги краси нашите модни комбинации.

Се чини дека розевата боја е таа која има нијанса за секоја пригода и секое расположение.

Иако честопати се поврзува со мали девојчиња, розевата боја со текот а времето стана синоним за сериозни, креативни комбинации, храбри млади жени, разиграна природа.

Оваа боја и дава посебен шарм и разиграност на секоја комбинација, па затоа ќе биде првиот избор на дамите со весела природа.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk