Стотици илјади гледачи на „Игра на престоли“ повторно заедно го соборија рекордот во стриминг и нелегалното преземање на епизоди од најпопуларните серии во светот.
Се разбира, оваа сезона почна со протекување на премиерната епизода неколку часа пред емитувањето на HBO каналот, а во потрага на серијата овој пат се приклучи рекорден број на корисници.
DirectTV услугата имаше премиера што се должи на протекувањето од Амазон и, верувале или не, а експлозијата на барања за првата епизода се појави веднаш по емитувањето на популарниот канал на разни пиратски и торент сајтови.
Game of Thrones е традиционално најпопуларната пиратска содржина на torrent, а последната, осма сезона ќе биде невиден рекорд.
Ова е поддржано од фактот дека само преку услугата BitTorrent во првите неколку часа над 120.000 луѓе, ја „расеа“ првата епизода со врвен квалитет преку торенти.
Интересно е дека на веб-страницата на Pirate Bay првите пет најпопуларните атракции во деновите по премиерата беа во врска со првата епизода, на осмата сезона на „Игра на престоли“.
Се очекува дека секоја епизода, според TorrentFreak, ќе биде „симната“ барем неколку милиони пати, со зголемување на бројот на симнувања до крајот на сезоната.
Најпопуларниот торент во овој момент е оној, што го „посадил“ MEMENTO, чија големина е 3,4 гигабајти.
Според статистиката на еден од најголемите torrent сајтови, кои не сакаат да бидат наведени, премиерата на осмата сезона резултираше во зголемување на сообраќајот на сајтот за повеќе од 20 проценти, што е неверојатен скок во секоја смисла.
Она што е многу потешко да се измери или да се изброи, е бројот на онлајн прегледи, односно стриминг, кои според TorrentFreak, би требало да бројат милиони прикажувања за секоја епизода и веројатно секој нов ден и секоја епизода го соборува претходниот рекорд!