Дестинации

По ова езеро во Таџикистан многумина се обиделе да пловат, но толку е солено што е неподвижно

Ги менува боите во текот на денот од неколку тиркизни нијанси преку смарагдна до темно сина боја.

Езерото Каракул е централно-азиска верзија на Мртвото Море и, верувајте или не, неговата соленост не ги спречи некои луѓе да се обидат да пловат по него.

Се наоѓа на надморска височина од 4000 метри во Високите Памири во Таџикистан.

Длабочината достигнува и до 230 метри, а било создадено од падот на метеор пред 25 милиони години. Невообичаено убаво, езерото е опкружено со снежни планини.

Прво му било дадено името Викторија, па потоа повторно се вратило на меѓународните мапи со името „Кара Кул“ што значи Црно Езеро, кое, всушност, ја менува бојата во текот на денот од неколку нијанси на тиркизна, преку смарагдна па се до темно сина боја.

Езерото е задолжителна станица за сите патници кои патуваат низ Централна Азија, особено ако престојувате во градовите Мургаб и Таџикистан или Ош во Киргистан.

Поради големата количина на сол, езерото е сосема неподвижно поради што во него не постои никаков вид на растителен или животински свет.

Сепак, претставува интересен предизвик за оние кои сакаат да го препловат, па така во нивна чест се организира и годишна регата „Покривот на светот“, во која учествуваат ентузијасти од целиот свет.

Инаку, областа околу езерото беше и затворски камп за германски затвореници за време на Втората светска војна, а подоцна и место за домување за Киргистанците кои тука доаѓаа со стоката во текот на летото.

Денес, единствените станари се оние кои живеат на најисточната страна на езерото во малото истоимено село Каракул, поточно Киргистанците кои им нудат сместување на авантуристите кои ќе се осмелат да поминат по автопатот Памир.

Интересно е и тоа што е едно од најсувите места на планетата,  поради високите планини што го спречуваат влажниот воздух да стигне до езерото. Токму поради лошите услови за живот, тука нема многу станари, но она што е сигурно е дека постојат се повеќе туристи и ќе ги има уште повеќе во годините што доаѓаат.

Напиши коментар