Поранешниот член на групата Massive Attack, објави срцепарателна порака по смртта на неговата ќерка.
Некогашниот член на Massive Attack, Tricky, објави преку социјалните мрежи дека неговата ќерка Мејзи Мина починала. Tricky, чие вистинско име е Adrian Nicholas Matthews Thaws, ќеркаta Мејзи Мина ја доби во 1994 година со пејачката Martina Topley-Bird.
Причината за смртта сеуште е непозната.
Трики објавија на неговиот Фејсбук профил потресно писмо во кој тој се прости од неа:
„Мислев дека знам што е загуба, но сега мојата ќерка ја нема. Сфатив дека немав идеја што е тоа. Се чувствувам како да сум во свет во кој не постои, знаејќи дека ништо нема да биде исто. Нема збор или текст што може да објасни – мојата душа е празна“, напиша тој и додаде:
„Мојата ќерка Мејзи Мина имаше две имиња -едни ја викаа Мејзи, едни ја викаа Мина. Таа имаше неверојатен талент за пеење и пишување песни, песни кои ќе бидат завршени и слушани. Твоите зборови и песни ќе живеат, јас ќе се погрижам за тоа. Немав сила ни да ја погледнам твојата слика досега – луѓето ќе го слушнат твојот глас и песни. Ти си моето срце – она што остана од него. Те сака, Мејзи Мина, тато“, завршил Трики со тажното обраќање.
Mina Mazy Topley-Bird19.03.1995 – 08.05.2019 Tricky: I thought I knew what loss was, but now my daughter is gone I…
Gepostet von Tricky am Dienstag, 28. Mai 2019