← НАЗАД НА БОЗА

Подобра вежба за стомакот од абдоменалните вежби: Формирајте го вашиот струк за две недели

Подобра вежба за стомакот од абдоменалните вежби: Формирајте го вашиот струк за две недели
46 Читања

Многу е полесна отколку класичните абдоменални вежби, а покрај рамен стомак ќе добиете и посилен ‘рбет …

Рамниот стомак и силните абдоменални мускули се желбата на многу жени, па затоа ви претставуваме вежба која ќе ви го „испегла“ стомакот за две недели.

За рамен стомак не треба да се мачите и да правите бесконечен број од „омразените“ абдоменални вежби.

Всушност, ја најдовме најлесната вежба за постигнување на рамен стомак, а најдобро од се е тоа што фитнес експертите тврдат дека таа е поефикасна од тешките стомачни.

Тајната на оваа вежба наречена „вакуум на стомакот“ не може да биде поедноставна – само треба да дишете правилно.

Во оваа вежба, дишењето ги активира и ги зајакнува длабоките абдоменални мускули, така што едноставно можете да направите контракции, објаснува Рич Стурла, личен тренер во британскиот здравствен центар.

Ако ја направите оваа вежба правилно, ќе го зајакнете целиот централен дел од телото и ќе го стабилизирате ‘рбетот кој ќе ја отстрани болката од долниот дел на грбот и ќе го подобри вашето држење на телото.

Оваа техника на длабоко дишење и „издишување“ на воздух од желудникот е дел од пилатесот и јогата, но можете да ја правите одделно од овие видови на вежби.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk