Мојата кујна

Поховани прстени од кромид

Еве како да направите крцкави прстени кои се јадат насекаде низ светот!

Не ви треба многу време, ниту многу состојки …

Состојки:

Поголема глава кромид

160 грама брашно

Лажичка прашок за пециво

Лажичка сол

Едно јајце

250 мл млеко

100 грама презла

Масло

Подготовка:

Во подлабоката тава загрејте го маслото – ставете повеќе, не само на дното.

Исчистете го кромидот и исечете на прстени, а потоа одделете ги прстените. Измешајте брашно, прашок за пециво и сол во помал сад, извалкајте ги прстенитево садот па потоа ставете ги на страна.

Додадете го јајцето и млекото во садот со брашното, па со вилушка или жица изматете. Потопете го секој прстен во садот и потоа наредете ги на чинија.

Ставете презла на плитка чинија, па секој прстен извалкајте го во неа, потоа ставете ги во тавата и пржете две до три минути додека не станат кафеави.

Пржените прстени извадете ги на салфетка, за малку да се исцадат.

Напиши коментар