Полнетите лигњи се нашата денешна препорака.
Состојки:
- 1 кг исчистени лигњи
- 4 чешниња лук
- 200 мл маслиново масло
- сок од 1 лимон
- 4 тенки парчиња панцета
- магдонос, сол
Подготовка:
Исецкајте ги краците од лигњите и измешајте со ситно сецкана панцета, магдонос и еднo чешне лук. Ставете мала лажичка од смесата во секоја лигња. Пржете по неколку минути од двете страни.
Така приготвените лигњи насолете ги и прелејте со прелив од маслиново масло, сок од лимон, лук и магдонос. Послужете ги топли со блитва со компири или варени компири со магдонос.